Репрезентациите на Португалија и Хрватска ни приредија 110 минути монотонија и дури потоа покажаа игра каква што се очекуваше од нив од самиот старт. Иако цело време беше „невидлив“, Кристијано Роналдо го даде клучниот придонес за победата на Португалија.
Во можеби најдосадниот натпревар во досегашниот тек од Европското првенство во Франција, репрезентацијата на Португалија ја совлада Хрватска со 1-0 во продолженијата и се пласираше во осминафиналето.
Португалците со голот на Рикардо Кварезма во 117. минута ги совладаа Хрватите и во борбата за полуфинале ќе играат против репрезентацијата на Полска.
Мирно започна мечот, повеќе се коментираше за фризурата на Перишиќ, бидејќи играта на теренот беше максимално монотона.
Дури во 24. минута ја видовме првата шанса на Португалците, а воедно тоа беше и првиот шут на натпреварот и тоа од слободен удар од левата страна.
Пепе беше највисок во скокот пред голот на Хрватска, но не беше прецизен.
Шест минути подоцна и Хрватите се заканија преку Перишиќ, но по неговиот шут топката помина покрај стативата.
А најдобриот играч на Португалија, Роналдо како и да не беше на теренот во првото полувреме. Невообичаено отсутен, без ниту еден шут кон противничкиот гол.
Почетокот на второто полувреме го одбележа влегувањето во игра на Ренато Санчез на местото на Андре Гомез, но и неколкуте шанси на Хрватите, од кои најблиску до погодок беше Брозовиќ, после одличниот центаршут на Стриниќ од левата страна.
Во 57. минута добра акција направија Марио и Санчез низ средината, по што Санчез шутираше од самиот раб на шестнаесетникот, но на крајот несмасно и непрецизно заврши овој обид.
А во 62. минута ја бележиме најсериозната шанса за Хрватска од почетокот на мечот. Ракитиќ изведе слободен удар од десната страна, Вида скокна највисоко и биеше со глава, голманот Патрисио беше немоќен, но топката заврши покрај десната статива.
Минута подоцна, на спротивната страна Нани беше соборен од Стриниќ во казнениот простор, но судијата не се огласи за најстрога казна.
Потоа повторно следуваше период на мирна игра, двете селекции беа внимателни, па регуларниот дел заврши без голови и следуваа продолженија.
Истото темпо продолжи и во дополнителните 30 минути. Хрватите имаа за нијанса поголема иницијатива, ја контролираа играта, а голманот Субашиќ и понатаму без работа.
Дури во 114. минута повторно видовме една сериозна шанса на Хрватите и повторно Вида беше непрецизен. Брозовиќ нафрли од корнер, голманот Патрисио истрча во празно, а Вида со глава биеше повторно само покрај голот.
Тоа беше вовед за уште посилен притисок на Хрватска, следуваа шанси на Перисиќ, па Срна, за потоа, во 117. минута следуваше казната преку една брза контра на Португалците. Повлече Санчез, потоа Нани го проигра Роналдо, кој несебично асистираше до „резервистот“ Кварезма кој пред гол линијата само ја спроведе топката во небранетата мрежа за конечни 1-0.
По примениот гол Хрватите тргнаа на „се или ништо“, имаа уште една голема шанса, но Вида уште еднаш не се снајде најдобро и така испадна трагичар на овој натпревар.
До крајот остана 1-0 за Португалија, Хрватска е елиминирана од ЕП.
Португалија во четвртфиналето ќе игра против Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)