| четврток, 6 декември 2018 |

Автоголот на Северна Ирска го однесе Велс во четвртфинале (видео)

wales-northern-ireland-euro2016

Репрезентацијата на Велс е вториот четвртфиналист на Европското првенство во Франција, откако минимално во 1/8-финалето ја совладаа Северна Ирска.

После Полска, која беше подобра од Швајцарија на пенали, пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на стариот континент обезбеди и Велс.

Единствениот погодок на натпреварот беше автоголот на Герет Мекоули во 75. минута.

Гледавме прилично досадно и несодржајно прво полувреме во островското дерби, освен двете добри интервенции на велшкиот голман Хенеси, кој ги одбрани незгодните удари на Далас и Ворд, како и голот на Ремзи, поништен поради офсајд, друго ништо посебно не се случуваше во првите 45 минути.

wales-northern-ireland-2-euro2016

Велшаните, кои ја имаа улогата на фаворит, немаа ниту еден удар во рамките на голот во првиот дел.

Во второто полувреме репрезентативците на Велс беа значително поангажирани, а првото поголемо возбудување пред голот на Северна Ирска беше обидот со глава на Сем Вокс, кој заврши само покрај голот.

Герет Бејл имаше солидна шанса од слободен удар од негова позиција, одлично шутираше преку живиот ѕид, но Мекговран со извонредна парада покажа дека е еден од најдобрите голмани на ова првенство.

wales-northern-ireland-4-euro2016

wales-northern-ireland-5-euro2016

Иницијативата на Велс конешно се исплатеше во 75. минута, кога Бејл се проби по левата страна, упати удар кон петерецот, а Гарет Мекоули несмасно интервенираше и ја испрати топката во својата мрежа, за водство и конечни 1-0 за Велшаните.

wales-northern-ireland-3-euro2016

Во последните 15 минути немаше некои посебни шанси, Велс ја сочува предноста и се пласираше во четвртфиналето каде ќе играат против победникот од утрешниот дуел меѓу Унгарија и Белгија.

 

Од 21:00 часот е натпреварот Хрватска – Португалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top