Пенал драмата го даде првиот четвртфиналист на ЕП во Франција, но и мајсторскиот гол на Шакири кај поразената Швајцарија ќе биде запаметен и ќе се збори за него уште долго време.
Репрезентацијата на Полска е првиот четвртфиналист на ЕП, откако на пенали ја совлада Швајцарија со 5-4.
По регуларните 90 минути, како и после дополнителните 30 минути во продолженијата, резултатот беше 1-1.
Уште во 20-та секунда од мечот Полјаците пропуштија одлична шанса, по лошата и конфузна резкција на швајцарската одбрана, Левандовски ја имаше топката, ја врати до Милик кој од 16 метри го промаши празниот гол на Зомер.
По иницијативата на Полска, Швајцарците нешто покасно успеаа да стигнат до шанса, најопасни беа после прекини, но нивните обиди си одбрани одличниот Фабијаснки. Најактивен во нападот на Швајцарија беше Џердан Шакири, креираше неколку солидни акции на своите соиграчи, но полскиот голман беше несовладлив.
Токму од Фабијански започна нападот во 39. минута, кога ја фрли топката до половината на теренот до Гросицки, кој направи продор кон левата страна и на спротивната статива со одлично нафрлување го пронајде Блашчиковски, кој биеше прецизно низ нозете на Зомер, за водство на Полска од 1-0.
Швајцарците во второто полувреме тргнаа во офанзива, на самиот старт Шакири упати одличен удар, но Фабијански ја „избоксува“ топката далеку од својот гол.
Полјаците се обидуваа да нападнат воглавно само преку контри, повеќе се посветија на одбраната, но после неколку брзи напади имаа два солидни обиди преку Блашчиковски и Пишчек, но овој пат сигурен на голот беше Зомер.
Селекторот на Швајцарија беше принуден да смени нешто, тргна уште поофанзивно, во игра ги внесе Емболо и Дердијок на местото на Џемаили и Мехмеди, што и му се исплатеше, играта на Швајцарците значително се подобри.
Најблиску до погодок беа во 77. минута кога после прекин, најпрво шутираше Емболо, неговиот удар беше изблокиран, а одбиената топка стигна до Сеферовиќ кој биеше само во пречката.
А во 81. минута го видовме можеби и најубавиот гол до сега на првенството. Шакири со извонредни „ножички“ од 16-тина метри го матираше дотогаш фантастичниот Лукас Фабијански, за израмнување на резултатот на 1-1.
Switzerland’s #Kosovo-born Xherdan Shaqiri scores the goal of the tournament so far at #Euro2016 pic.twitter.com/i742jGjHN2
— Balkan Newsbeat (@BalkanNewsbeat) June 25, 2016
До крајот на регуларните 90 минути немаше промени на резултатот, натпреварот прејде во продолженија.
Примениот гол како целосно да ги обесхрабри Полјаците, од тогаш беа целосно безопасни и во регуларниот дел, и во продолженијата.
Швајцарците ја контролираа играта на теренот, но ниту тие не успеаа да се изборат за некоја посериозна шанса за нов погодок.
Дури во 113. минута Дердијок се најде во идеална шанса за гол. После одличниот центаршут се најде целосно сам пред Фабијански, биеше со глава, но полскиот голман одново интервенираше и ја продолжи неизвесноста.
Само пет минути подоцна нова шанса за Дердијок, овој пат после центаршутот на Сеферовиќ од левата страна, но швајцарскиот напаѓач закасни и не успеа да ја смести топката во мрежата.
Малку недостасуваше Полјаците тоа да го казнат во 119. минута после едно недоразбирање во одбраната на Швајцарија, но Сеферовиќ на крајот ја отстрани опасноста пред Блашчиковски.
Тоа беше се што видовме во продолженијата, а бидејќи немаше победник, одлуката за тоа прејде во изведување на пенали.
Текот на пенал-серијата:
Лихштајнер 1-0 за Швајцарија
Левандовски 1-1
Џака промашува! Шутираше само покрај голот. Останува 1-1
Милик 1-2
Шакири 2-2
Глик 2-3
Шер 3-3
Блашчиковски 3-4
Родригез 4-4
Криховјак 4-5 – Полска се пласира во четвртфиналето, каде ќе игра против победникот од вечерашниот дуел меѓу Хрватска и Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)