| четврток, 6 декември 2018 |

Нелоски: Младите порачуваат „не сме наивни“

 

nelsoki-ums25 години УМС на ВМРО-ДПМНЕ  прави разлика,  25 години поставува нови стандарди , 25 години работиме за интересите на младината. Со политиката на ВМРО-ДПМНЕ но најмногу благодарение на нашиот лидер Никола Груевски, денес младите стојат рамо до рамо со младите од Европа, порача претседателот на Унијата на млади сили, Владимир Нелоски на 25-тата годишна конференција на УМС.

-Не можат да уништат онолку колку што ние можеме да создадеме- порача Нелоски нагласувајќи дека УМС создава, а не руши и дека УМС и понатаму ќе биде моторот на промените во Македонија. УМС е помеѓу младите, и најдобро знае што му е потребно на секој млад во Македонија.

-Ние не сме салонска организација  како други, туку постојано сме на терен затоа што УМС работи 24/7 за доброто на Македонија.  И покрај кризата која ја креира СДСМ УМС не дозволи да запре реализацијата на проектите за младите. Ние работевме со силен интензитет и секогаш бевме на браникот на татковината и за интересите на младите. И токму затоа УМС пред неполни 2 месеци го доби 55.000 член на младината што е показател дека сме на прав пат. Нема да отстапиме ќе одиме до врвот, до крај. Тоа го заслужуваат младите кои не паднаа во замките на пленумите, и покажаа дека не потпаѓаат под осмислени сценарија на опозицијата и некои борци за права. Од оваа преполна сала младите порачуваат „НЕ СМЕ НАИВНИ“. Младите ќе го зададат последниот удар на изборите, оние избори кои СДСМ кога тогаш мора да ги прифати, а младите во Македонија ќе ја направат најголемата разлика- порача Нелоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top