| четврток, 6 декември 2018 |

Им била како слугинка – Јелена молела за да си оди од таа луда куќа

jelena

Јелена Марјановиќ беше убиена на 2. април на насипот во Борча, а нејзиниот убиец се уште не е приведен. Нејзината другарка тврди дека непосредно пред смртта го молела сопругот Зоран да се иселат од нивната семејна куќа бидејќи повеќе не можела да ја трпи атмосферата таму.

– Во таа куќа по цел ден никој ништо не работел освен неа, готвела, перела, ги подготвувала сопругот, неговиот син, свекрвата, свекрот, деверот, тврди таа.

Поради љубовта кон Зоран се согласила да живее во семејната куќа со неговите родители, но набрзо увидела дека се чудни и дека нема да може долго да издржи.

– Можете да замислите како и било на една позитивна личност како што е Јелена да живее во куќа полна со икони и религиски обележја со чудни обреди и верски фанатизам, кои се облекуваат во црно и зборуваат за натприродни моќи, раскажува другараката на Јелена.

На Јелена најмногу и сметал свекорот.

– Најмногу и сметаше свекорот кој по цела ноќ шетал низ куќа, додека пак на свекрвата Зорица не смеела ни да и се приближи за да не и ја наруши енергијата, наведува пријателката.

Како што тврди таа, Јелена во бес еднаш му рекла на Зоран: Носиме од од оваа луда куќа, што него тоа многу го навредило.  На Зоран не му ни паѓало на памет да се одвои од семејството, па постојано го одолжувал разговорот на таа тема и додава дека со денови пред убиството сопружниците се расправале за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top