| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија: Малолетни брат и сестра се удавиле во јама полна со вода

jama so voda

Тринасетгодишно момче и неговата две години помала сестра од местото Кољевице кај Приштина се удавиле вчера додека се капеле во вештачко езеро кое настанало по ископување на песок, соопшти косовската полиција. И покрај обидите на соседите и еден полицаец да ги извлечат децата од вода, спасувањето не успеало поради калта и гранките.

На основа на првичните резултати од истрагата, одговорноста за настанувањето на „дивото езеро“ ја сноси градежната фирма „АБЦ“, која по експлоатацијата на песокот оставила јама која се наполнила од обилни врнежи.

Од полицијата велат дека истрагата ќе ги опфати и службениците во општина Приштина, бидејќи компанијата „АБЦ“ немала дозвола за ископување песок.

Како што јавуваат приштинските медиуми, децата од Кољевице во таа јама се капеле во топлите денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top