| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел жали поради одлуката Британија да излезе од ЕУ

me

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази длабоко жалење поради одлуката на мнозинството Британци нивната држава да ја напушти Европската Унија и најави дека цел на Унијата ќе биде блиски односи во Лондон во иднина.

На прес-конференција посеветена на одлуката за напуштање на ЕУ, германската канцеларка рече дека Европа не треба да извлекува „брзи и едноставни заклучоци“ кои ќе создадат нови поделби во ЕУ, јави дописникот на МИА од Берлин. ­

– Сѐ до излегувањето од ЕУ Велика Британија ги има сите права и обврски како членка на Унијата. Нашата цел треба да биде да имаме блиски и кооперативни односи со Велика Британија во иднина – изјави Меркел во обраќањето кое беше пренесувано на телевизија. Според Меркел, Европската унија е доволно силна за да најде „вистински одговори“ за резултатите од референдумот во Велика Британија, а од Европејците побара никогаш да не заборават дека основањето на Европската унија е „идеја на мирот“.

Утринава Меркел се сретнала со лидерите на најголемите германски политички партии со кои разговарала за последиците од гласањето во Британија, а за в понеделник во Берлин ги покани францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск со кои ќе се разговара за идните чекори на ЕУ по референдумот во Велика Британија. Германскиот министер за надворешни работи Франк­ Валтер Штајнмаер за утре во Берлин закажал средба со неговите колеги од шесте земји основачи на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top