| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот со крвави раце ми се фрли пред возилото, го удрив, па летна преку целиот автомобил

 

tragedija

Стана Милошевиќ, жената пред чиј автомобил истрчал убиецот Милан Чимеша кој претходно ја заклал својата вереница, се уште се опоравува од последиците од невообичаената сообраќајна несреќа.

Таа со својот мерцедес се враќала од Житиште, каде работи како готвачка во мотел. Околу 22 часот била на влезот на Банатски Двор кога и се случила незгодата.

– Имам добри светла на автомобилот, па ноќе ми е прегледно. Кога се приближував кон мостот го видов момчето и помислив дека е некој криминалец кому нема шанси да му застанам, се присетува жената на настанаот.

Потоа тргнала да избега во другата коловозна лента, не не успеала, пишува Ало.рс.

– Тргна накај мојот автомобил и се фрли пред него. Го удрив, а тој прелета преку целата кола. Не го прегазив со тркала како што пишуваа. Застанав и веднаш му се јавив на сопругот. Додека го чекав да дојде, забележав дека рацете целите му беа крвави, но во тој момент не знаев што направил претходно, раскажала Стана.

Инаку убиецот, пред да се реши на кобниот чекор и да се фрли во автомобилот на жената, ја убил својата трудна девојка со 18 убоди од нож.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top