| четврток, 6 декември 2018 |

МВР потврди – фатени се 15-тина иконокрадци

15-тина лица се приведени во големата акција против недозволена трговија со културно-историското наследство, која во моментов ја спроведува Министерството за внатрешни работи.

Како што потврдуваат од МВР, меѓу приведените две лица се вработени во Управата за заштита на културното богатство.

Апсења се спроведуваат низ повеќе градови во земјава, но главно во Скопје и во Кавадарци.

Според првичните информации, во домовите на приведените пронајдени се поголем број артефакти и икони.

Од МВР најавуваат повеќе информации во текот на денот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top