
Поранешниот кошаркар Владимир Радмановиќ, кој во неделата се венча со водителката Марија Килибарда, еднаш веќе бил пред брак, но во последен момент ја отажал венчавката. Некогашниот НБА играч требало да се ожени со Јелена Кривокапиќ, со која во меѓувреме ја добил ќерката Петра, но се предомислил и се стопирал.
-Јелена многу пропати покрај Владимир! Долго ги трпеше неговите барања и се обидуваше да најде компромис, но тој е тежок чеовек и трудот и пропадна. Најголем беше проблемот на преселба во Америка. Јелена не сакаше да живее таму, а тој инсистираше на тоа. И ете неколку години подоцна тој со своите родители дојде да живее овде – рекле соседите на Владимир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


