| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Филиповиќ: Не из­ле­гу­вај­те на сон­це без крем со за­шти­тен фа­ктор

При из­ло­жу­ва­ње на сон­це е за­дол­жи­тел­но да се за­шти­ти ко­жа­та со крем со ви­сок за­шти­тен фа­ктор (за УВА и УВБ зра­ци), нај­мал­ку по­ло­ви­на час пред из­ло­жу­ва­ње­то на сон­це. Ефе­ктот на кре­мот трае са­мо 2-3 ча­са, па по­тоа тре­ба да се на­не­се по­втор­но. Тре­ба да се знае де­ка и пе­со­кот и тло­то реф­ле­кти­ра­ат УВ зра­ци, ду­ри и под ча­дор за сон­це, со­ве­ту­ва д-р Фи­ли­по­виќ

Со до­а­ѓа­ње­то на ле­то­то, де­ло­ви од на­ша­та ко­жа се по­ве­ќе из­ло­же­ни на сон­че­ва свет­ли­на. Сон­ча­ње­то е мно­гу по­пу­лар­но, но, од дру­га стра­на, што мо­же да ѝ на­пра­ви сон­це­то на ко­жа­та? Ка­ко пра­вил­но да се за­шти­ти­ме од штет­но­то вли­ја­ние на сон­це­то? За овие пра­ша­ња, ка­ко и за убо­ди­те од ин­се­кти, кар­ци­но­мот на ко­жа, фа­кто­ри­те на ри­зик за по­ја­ва на ме­ла­но­мот раз­го­ва­рав­ме со д-р Де­јан Фи­ли­по­виќ, дер­ма­то­лог во по­лик­ли­ни­ка „Бу­ку­решт“ во Скоп­је. Тре­ба да се знае де­ка и пе­со­кот и тло­то реф­ле­кти­ра­ат УВ-зра­ци, ду­ри и под ча­до­ри­те за сон­це. Ду­ри и сне­гот реф­ле­кти­ра УВ-зра­ци. Тре­ба да се из­бег­ну­ва и из­ло­жу­ва­ње­то на УВ-зра­ци од лам­пи за сон­ча­ње и од со­ла­ри­у­ми, ве­ли д-р Фи­ли­по­виќ.

Ра­кот на ко­жа­та е нај­че­ста фор­ма на рак. Да­ли мо­же да се ле­ку­ва ако се открие ра­но?

ФИ­ЛИ­ПО­ВИЌ: Ра­кот на ко­жа или ма­ли­ген ме­ла­ном прет­ста­ву­ва ма­ли­ген ту­мор на ко­жа­та и слу­зо­ко­жа­та кој по­тек­ну­ва од епи­дер­мал­ни­те ме­ла­но­ци­ти, од функ­ци­о­нал­на­та ком­по­нен­та на це­лу­лар­ни­от не­вус (бен­ка) или, ре­тко, од си­ни­от не­вус. Ра­кот на ко­жа­та е еден од нај­а­гре­сив­ни­те кар­ци­но­ми, но це­лос­но е из­леч­лив ако се открие на­вре­ме. Гла­вен ме­тод на ле­ку­ва­ње е опе­ра­ци­ја, од­нос­но хи­рур­шка ин­тер­вен­ци­ја. Ако се от­стра­ни де­лот на за­бо­ле­на ко­жа во ра­на­та фа­за, из­ле­ку­ва­ње­то е сто­про­цент­но. За­тоа е важ­но овој агре­си­вен кар­ци­ном да се открие во ра­на­та фа­за. По из­ле­ку­ва­ње­то, се про­дол­жу­ва нор­мал­но да се жи­вее.

Ка­ко да се спре­чи и ка­ко да се открие на­вре­ме? Зна­ат ли ма­ке­дон­ски­те па­ци­ен­ти да пре­поз­на­ат де­ка бо­ле­ду­ва­ат од рак на ко­жа­та?

ФИ­ЛИ­ПО­ВИЌ: Па­ци­ен­ти­те тре­ба да се за­поз­на­е­ни со си­сте­мот на ева­лу­а­ци­ја на про­ме­на­та на ко­жа­та АБЦ­ДЕ, од­нос­но: А = аси­ме­три­ја, ме­ла­но­мот е не­пра­ви­лен и аси­ме­три­чен; Б = гра­ни­ца (border), има за­се­чен и на­ра­бен раб; Ц = бо­ја (Color), бо­ја­та му е во по­ве­ќе ни­јан­си, од пур­пур­на до цр­на и око­лу ме­ла­но­мот мо­же да се ја­ви ери­тем­но (цр­ве­но) ха­ло; Д = ди­ја­ме­тар, обич­но е по­го­лем од 6 мм во преч­ник; Е = еле­ва­ци­ја, се ја­ву­ва ка­ко ре­зул­тат на вер­ти­ка­лен раст на ту­мо­рот. До­кол­ку се за­бе­ле­жи кој би­ло од овие симп­то­ми, за­дол­жи­тел­но тре­ба да се по­ба­ра по­мош од спе­ци­ја­лист дер­ма­то­лог, кој ќе на­пра­ви де­тал­но ске­ни­ра­ње (дер­мо­ско­пи­ја, дер­ма­скен) за да ги от­стра­ни сом­не­жи­те или, ако се по­твр­дат, да се ле­ку­ва и из­ле­ку­ва.

dejan -filipovic-3 (Custom)

Тре­ба да се знае де­ка и пе­со­кот и тло­то реф­ле­кти­ра­ат УВ зра­ци, ду­ри и под ча­дор за сон­це

Со до­а­ѓа­ње­то на ле­то­то, де­ло­ви од на­ша­та ко­жа се по­ве­ќе из­ло­же­ни на сон­че­ва свет­ли­на. Сон­ча­ње­то е мно­гу по­пу­лар­но, но, од дру­га стра­на, што мо­же да ѝ на­пра­ви сон­це­то на ко­жа­та? Ка­ко пра­вил­но да се за­шти­ти­ме од штет­но­то вли­ја­ние на сон­це­то?

ФИ­ЛИ­ПО­ВИЌ: Ул­тра­ви­о­ле­то­ви­от (УВ) дел од спе­кта­рот на сон­че­ва­та свет­ли­на е глав­на­та при­чи­на за си­те ви­до­ви рак на ко­жа­та вклу­чу­вај­ќи го и ме­ла­но­мот. Се ве­ру­ва де­ка из­ло­жу­ва­ње­то на сон­це е гла­вен фа­ктор за по­ја­ва на 50-70 про­цен­ти од ме­ла­но­ми­те, иа­ко тие мо­же да се по­ја­ват и на по­вр­ши­ни од те­ло­то кои нор­мал­но не се из­ло­же­ни на сон­це. Што е мож­но по­ве­ќе да се на­ма­ли из­ло­жу­ва­ње­то на сон­це, осо­бе­но во пер­и­о­дот од 11 до 16 ча­сот, а при из­ло­жу­ва­ње на сон­це, за­дол­жи­тел­но да се за­шти­ти ко­жа­та со крем со ви­сок за­шти­тен фа­ктор (за УВА и УВБ зра­ци), нај­мал­ку по­ло­ви­на час пред из­ло­жу­ва­ње­то на сон­це (нив­ни­от ефект трае са­мо 2-3 ча­са и по­тоа по­втор­но да се на­не­се), да се но­си об­ле­ка со дол­ги ра­ка­ви, шап­ки или ше­ши­ри и очи­ла за сон­це со УВ- за­шти­та. Тре­ба да се знае де­ка и пе­со­кот и тло­то реф­ле­кти­ра­ат УВ зра­ци, ду­ри и под ча­дор за сон­це. Ду­ри и сне­гот реф­ле­кти­ра УВ зра­ци. Тре­ба да се из­бег­ну­ва и из­ло­жу­ва­ње­то на УВ-зра­ци од лам­пи за сон­ча­ње и од со­ла­ри­у­ми.

Кои се фа­кто­ри­те на ри­зик за по­ја­ва на ме­ла­ном?

ФИ­ЛИ­ПО­ВИЌ: Фа­кто­ри на ри­зик за раз­вој на ме­ла­ном се ге­нет­ски­те фа­кто­ри и фа­кто­ри­те на око­ли­на­та. Во од­нос на ге­нет­ски­те фа­кто­ри, мно­гу е ве­ро­јат­но де­ка ри­зи­кот за раз­вој на ме­ла­ном ка­ко пос­ле­ди­ца на ул­тра­ви­о­ле­то­ва екс­по­зи­ци­ја за­ви­си од ин­те­рак­ци­ја­та на ге­нет­ски­те фа­кто­ри кои го де­тер­ми­ни­ра­ат сте­пе­нот на осет­ли­во­ста кон зра­че­ње­то. Ви­сок ри­зик за раз­вој на ме­ла­ном има­ат ин­ди­ви­дуи со ди­јаг­но­сти­ци­ран ме­ла­ном кај нај­мал­ку двај­ца бли­ски чле­но­ви од фа­ми­ли­ја­та, зго­ле­мен број бен­ки (по­ве­ќе од 100), све­тол тен, свет­ли очи и ко­са и тен­ден­ци­ја на сон­це да из­го­рат на­ме­сто да по­тем­нат. Од фа­кто­ри­те на око­ли­на­та, сон­че­ва­та ул­тра­ви­о­ле­то­ва екс­по­зи­ци­ја, осо­бе­но екс­це­сив­но­то сон­ча­ње се сме­та ка­ко гла­вен фа­ктор на ри­зик за раз­вој на ме­ла­ном, ду­ри и по дол­го­го­ди­шен ла­тен­тен пер­и­од. Тра­у­ми­те на ко­жа­та, осо­бе­но на бен­ки­те, хор­мо­нал­но­то вли­ја­ние и пу­ше­ње­то не се асо­ци­ра­ни со по­че­сто ја­ву­ва­ње на ме­ла­ном на ко­жа­та.

dejan -filipovic-4 (Custom)

Тра­у­ми­те на ко­жа­та, осо­бе­но на бен­ки­те, хор­мо­нал­но­то вли­ја­ние и пу­ше­ње­то не се асо­ци­ра­ни со по­че­сто ја­ву­ва­ње на ме­ла­ном на ко­жа­та

Да­ли во Ма­ке­до­ни­ја рас­те бро­јот на па­ци­ен­ти со рак на ко­жа?

ФИ­ЛИ­ПО­ВИЌ: Да, во Ма­ке­до­ни­ја рас­те бро­јот на па­ци­ен­ти со рак на ко­жа­та, што збо­ру­ва за по­тре­ба­та од ин­тен­зив­ни актив­но­сти и кам­па­њи за еду­ка­ци­ја за пре­вен­ци­ја, ко­ја е не­оп­ход­на. За­тоа и оваа го­ди­на, ка­ко не­кол­ку го­ди­ни прет­ход­но, во си­те дер­ма­то­ло­шки ин­сти­ту­ции низ Ма­ке­до­ни­ја се спро­ве­де кам­па­ња­та „Еу­ро­ме­ла­но­ма 2016”, со бесп­лат­ни прег­ле­ди на сом­ни­тел­ни­те дам­ки на ко­жа­та, под мо­то­то „Сон­це­то не сјае са­мо на пла­жа, тоа ве сле­ди на­се­ка­де”.

Во ле­то, освен сон­це­то, и ин­се­кти­те се тие што ѝ пре­чат на ко­жа­та. Во овој пер­и­од се акту­ел­ни кр­ле­жи­те и ко­мар­ци­те. Ка­ко да се за­шти­ти­ме? Мож­но ли не­кој, ед­но­став­но, да е маг­нет за кр­ле­жи и се­ко­ја го­ди­на да би­де кас­ну­ван од нив? Што тре­ба да се сто­ри?

ФИ­ЛИ­ПО­ВИЌ: Кас­ну­ва­ње­то од ин­се­кти ка­ко што се ко­мар­ци, оси, пче­ли, стр­ше­ни, та­фта­би­ти, кр­ле­жи и дру­го мо­же при­лич­но да го на­ру­ши на­ши­от пре­стој во при­ро­да и ужи­ва­ње­то на уба­во­то вре­ме. Ме­ѓу­тоа, и мно­гу по­ве­ќе од тоа по­ра­ди мож­но­ста за по­ја­ва на алер­ги­ја, во не­кои слу­чаи и опас­на по жи­вот, за­ра­ди што, се­ка­ко, се не­оп­ход­ни и одре­де­ни пре­вен­тив­ни мер­ки. Нај­важ­но е да не се ко­ри­стат ми­риз­ли­ви са­пу­ни за ка­пе­ње и ја­ки пар­фе­ми. Оси­те ги прив­ле­ку­ва и ша­ре­на­та об­ле­ка, а се­ко­гаш ко­га е мож­но да се но­сат дол­ги ра­ка­ви и но­га­ви­ци и да се из­бег­ну­ва­ат гр­му­ше­сти и трев­ни по­вр­ши­ни. Се­ко­гаш ко­га не­кој се вра­ќа од про­ше­тка во при­ро­да, пре­по­рач­ли­во е де­тал­но да се прег­ле­да ка­ко ра­но откри­ва­ње на убод или кас­ну­ва­ње од ин­се­кти (кр­ле­жи). Пр­ва са­мо­по­мош е ста­ва­ње лад­на об­ло­га и до­кол­ку па­ци­ен­тот знае де­ка е алер­ги­чен на одре­де­ни ин­се­кти, за­дол­жи­тел­но да но­си ан­ти­а­лер­ги­ски таб­ле­ти и при убод или кас­ну­ва­ње вед­наш да се на­пие. По­ве­ќе­то кас­ну­ва­ња од ин­се­кти се без по­го­ле­ми пос­ле­ди­ци, но мо­ја пре­по­ра­ка е при се­кое де­те­кти­ра­ње убод, кас­ну­ва­ње или по­ла­зу­ва­ње од ин­се­кти да се ја­ви во најб­ли­ска­та дер­ма­то­ло­шка ин­сти­ту­ци­ја или ам­бу­лан­та за да се спре­чи опас­ност од по­ја­ва на алер­ги­ска ре­ак­ци­ја или ин­фек­ци­ја.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top