| четврток, 6 декември 2018 |

Мит: Заштитниот фактор 30 двојно подобро штити од заштитниот фактор 15?

1.Натопување на раната во солена вода го поттикнува нејзиното брзо зараснување

Оваа мудрост која често ја слушаме од устата на старите генерации, всушност не е вистинита во сите случаи.

Вистината е дека постојат рани кои после контактот со солена вода побрзо заздравуваат, а тоа се инаку оние кои поспоро заздравуваат бидејќи се длабоки и нечисти.

Помалите повреди, како оние на пример кои се добиваат од пад од велосипед, не е добро да се изложуваат на солена вода бидејќи таквата рана се нагризува и се отежнува нејзиното исцелување.

2.Заштитниот фактор 30 двојно подобро штити од заштитниот фактор 15

Апсолутно неточно. Кремот со фактор 30, ако се гледа од страна на временскиот период на неговото делување, секако нешто подолго ќе штити од факторот 15, а 50 подолго од 30, но треба да се има во предвид, дека дури и кога ќе нанесеме крем со заштитен фактор 50, кожата не е максимално заштитена.

Токму затоа не треба кожата да се изложува во критичниот период во текот на денот.

3.Белата маица може да го земени кремот за сончање

По овој начин на заштита најчесто посегнуваат луѓето со посветол тен, но маицата никако не е доволна за сочувување на кожата од штетните УВ зраци, па затоа, нужно е телото да се намачка со крем со заштитен фактор.

Експертите советуваат дека ако сепак се најдете изложени на сонце во критичниот период од 11 до 15 часот, задолжително да облечете бела маица, а ова особено се однесува за децата.

4.Пливањето со полн желудник е штетно

Да скокнете после јадење во ладна вода, долго се сметаше за опасно, бидејќи како последица може да се јават болки и грчеви во стомакот. Науката оваа стара мудрост ја демантираше.

Бидејќи организмот после јадење ја вари храната, тој се успорува, што на опуштеното пливање во вода воопшто не му пречи.

Сепак, доколку сте срцев болен или циркулацијата не ви е најдобра, тогаш – независно од јадењето – секое нагло влегување во вода може да направи проблем.

Ако сте млади, здрави и немате никакви здравствени проблеми, слободно бањајте се откако сте изеле сендвич.

5.Минатогодишниот крем за сончање може да послужи и оваа сезона

Доколку  уште го чувате кремот кој ви останал од минатото лето, фрлете го. Рокот на траење на препаратите за заштита од сонце изнесува една година од отворањето, под услов да се чува на суво и ладно место.

Дури и ако рокот на траење уште е добар, дејството на некои креми и лосиони за сончање може да биде значително намалено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top