| четврток, 6 декември 2018 |

Бернар Лори ќе одржи предавање на тема: „Конфликтот на Првата светска војна: источниот фронт и сложеноста на балканското прашање“

Амбасадата на Франција во Скопје, регионот Нормандија и Францускиот институт во Скопје организираат научно предавање „Конфликтот на Првата светска војна: источниот фронт и сложеноста на балканското прашање“.

Предавањето ќе го одржи г. Бернар Лори, предавач во ИНАЛКО, заменик-директор на Центарот за славистика при Универзитетот „Париз IV Сорбона“, в петок, (24 јуни), во 15 часот, во инфоцентарот на ЕУ.

Предавањето ќе се одржи во присуство на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија, а за истото ќе има обезбеден симултан превод на македонски и на албански јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top