| четврток, 6 декември 2018 |

Дебата „Актуелните аспекти на книжевната критика“ во ДПМ

„Актуелните аспекти на книжевната критика“ е темата на која писателите ќе дебатираат на редовното Годишно собрание на ДПМ што денеска ќе се одржи со почеток во 13 часот.

Друштвото на писателите на Македонија оценува дека прашањето за состојбата на критиката е актуелно и дека расправата на Годишното собрание може да придонесе за одредени сознанија кои ќе бидат во прилог на литературните остварувања и нивно правовремено и автентично валоризирање. Евидентна е ситуацијата на нарушени критериуми во естетското вреднување на делата, а тоа може да остави долгорочни негативни последици за литературата и нејзиниот развој. На проблемот треба да му се пристапува комплексно, со изградена стратегија, во која своја улога ќе има Друштвото на писателите на Македониј во поттикнувањето на оваа дејност како важна компонента во афирмирањето на новите остварувања и нивно вградување во редот на  проверените и потврдени книжевни вредности.

Со денешната расправа Друштвото на писателите на Македонија ја започнува кампањата за стимулирање на книжевната критика. Во пресрет на расправата ДПМ отвори нов оддел на својата ВЕБ страница под наслов „Критика и есеј“. Оваа рубрика е отворена за сите видови конструктивна и аналитичка критика, вклучувајќи ја тука и полемиката како една од формите на соочување на различните гледишта во процесот на валоризирање на особеностите и естетските дострели на делата на членовите на ДПМ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top