
Репрезентацијата на Португалија која пред почетокот на Европското првенство во Франција важеше за еден од фаворитите не ги оправда очекувањата со слабите игри во групата фаза.
По три кола Кристијано Роналдо и другарите забележаа и три нерешени резултати. Таков беше и епилогот од последниот дуел против Унгарија, но овој пат со дури шест голови во мрежите на голманите по три на двете страни.
Иако Португалија не забележа ниту една победа сепак го продолжува настапот во следната рунда бидејќи како третопласирана се најде на второто место на табелата од шест репрезентации.
Португалците важеа за фаворити во дуелот со Унгарија, но дури трипати имаа негатива која мораа да ја надокнадуваат и на крај со резултат 3-3 да го завршат мечот.
Португалците очекувано тргнаа во офанзива од почетокот, но тешко наоѓаа начин да го загрозат противничкиот гол. Затоа пак Унгарија погоди од својата прва шанса на натпреварот, откако Гера прифати една исфрлена топка по корнер, па со прецизен удар го матираше Руи Патрисио. Нани со својот втор гол на ЕВРО 2016 израмни на 1-1 во финишот од полувремето, најавувајќи ги суперинтересните втори 45 минути на оваа средба.
Џуџак со два удари кои закачија португалски фудбалери го измами Руи Патрисио и носеше предност на Унгарија од 2-1 и од 3-2, но Португалците за среќа во своите редови го имаа Кристијано Роналдо. Трагичарот од дуелот со Австрија овојпат одговори на предизвикот, постигнувајќи два гола за двојно израмнување, првиот за 2-2 кога го постигна најубавиот гол досега на ЕП со петица изненадувајќи го Габор Кирали, потоа и за 3-3 по одличната нафрлена топка од резервистот Кварезма, спречувајќи шокантна елиминација на својата репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


