Ерупцијата не еден вулкан на Исланд би можела да се случи во секој момент, а експертите за геофизика предупредуваат дека тоа би можело да остави катастрофални последици.
Хекла, вулканот на југот на Исланд, последен пат еруптирал во 2000. година и научниците предупредуваат дека се заканува нова ерупција која би можела да доведе до проблеми во воздушниот сообраќај во Европа.
Пал Еинарсон, професор по геофизика на Универзитетот Исланд, ги предупредува туристите да не се качуваат по вулканот.
“Хекла е опасен вулкан. Доколку не бидеме внимателни би можело да дојде до катастрофа следниот пат кога ќе дојде до ерупција. Групи туристи го посетуваат Хекла во текот на целото лето. Имаме и 20-30 патнички авиони кои го надлетуваат вулканот секој ден”, ја пренесува Independent неговата изјава.
На педесетина километри од Хекла се наоѓа уште еден активен вулкан. Ерупцијата на тој вулкан во 2010. година исфрлила огромни количини на вулкански пепел во атмосферата. Многумина ќе се сетат какви проблеми во воздушниот простор предизвикала таа ерупција. Поголем дел од Европа бил принуден да го забрани летањето на патнички авиони, а тоа се одразило и на прекуокеанскиот сообраќај.
Во период од 14. до 25. април таа година летовите биле откажани поради слабата видливост, но и бидејќи вулканската прашина може да нанесе голема штета на моторите на авионите. Толку строга забрана за летање не била забележана од завршувањето на Втората светска војна, а милиони патници ширум светот останале заробени на аеродромите.
Исланд е дом на некои од најактивните светски вулкани, при што 30 од 130 се активни и внимателно се следат. Професорот Еинарсон објаснил дека мерењата покажуваат дека Хекла собира магма и дека притисокот бил многу повисок отколку во периодот пред последната ерупција.
“Ова е ризичен момент кој мора да се сфати сериозни. Хекла е подготвена и во секој момент може да дојде до ерупција”, додал Еинарсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)