
Пред две недели јунак на неделата беше Дамјан Манчевски. Јуначки, без оружје, ги повика вооружените полицајци да го тепаат, а тие, демек, си ја свиткаа опашката и му го отворија патот за слободно да врви.
И ако помислувате дека се работи за исечок од народна јуначка приказна, фолклор, не сте далеку од вистината, зашто на револуцијата ѝ се потребни јунаци за да не ја изгуби смислата, за да не остане само шарена, платеничка, безидејна, поткупена и преплатена.
По два месеци изживување по улиците, спомениците, сокаците, на почетокот на летните одмори, совршен момент за уживање во обилните дневници, војници веќе нема, опаѓа интересот за сокачарење, па како никогаш досега на платеничката променада ѝ се потребни феникси кои воскреснат од шарените лепешки и ќе ја поведат баграта кон уште еден понор, во уште еден ќор-сокак.
Медиумската машинерија е на готовс, рецептот е проверен, само треба некој да направи игла за таа да ја направи локомотива.
Јунакот на оваа недела е Павле Богоевски. Невин небаре цицалче, како да е никој и ништо, културен и одмерен, хулиган, но се обраќа со „повелете“ и „извинете“, студирал безбедност, ЛГБТ активист, шарен платеник, еден од најистакнатите, како што го опишуваат соросовите медиуми.
Во неделата вечерта тој бил дел од герила-акцијата на Шарената револуција во која требало да спуштат платно од Камениот мост, за време на роденденската прослава на ВМРО-ДПМНЕ, но по усното предупредување, полицијата ги спречи и го приведе Богоевски. Да, нема ништо чудно за демократско општество. Но, иглата е фрлена и треба да стане локомотива.
„Богоевски со својот елан и храброст јавно се противи на секое рушење на човековото достоинство и човековите слободи и е вистински пример за тоа како треба да се почитуваат овие вредности, а можеби и единствениот кој секој пат на полицијата и се обраќал со почит“, само мед и млеко тече од устата на соборците кога зборуваат за него. Ете, толку е невин, чесен и праведен.
Од друга страна, која е неговата улога во платеничката револуција зборуваат и објавите на неговиот профил на Фејсбук вечерта кога беше приведен поради непочитување на службена наредба.
„Павле, извини што не дојдов пред полициска станица. Ама од проклетијава Визбегово нема превоз за викенд и празници.“
„Павле – смислата на Шарената револуција“.
Чекаме за кога ќе кажат дека е црпнат од небото и пратен во Македонија да ја спаси. Сѐ бидува.
Павле Богоевски ги покажува хулиганските способности од почетокот на протестите на шарените. Навистина е еден од поистакнатите, прв да замавне, прв да испозира пред фотообјективите, прв на микрофоните.
Она што е посебно интересно не се личноста и делото на самиот Павле, како што не беше ни на Дамјан. Интересно е токму тоа како се создаваат иконите на ова платеничко лудило. Од канализациски стаорци забиени во подземјето стануваат ѕвезди, од шутраци јунаци, од париски војници генерали. Како тргнало, ќе го дочекаме и раѓањето на Тито на револуцијата.
„Полицијата брутално го уапси нашиот соборец Павле Богоевски, што само уште еднаш потврдува дека на граѓаните им е ограничено правото на слободно движење, додека на политичарите им се дава приоритет. Правото на слободно мислење исто така и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со критика”.
„Од она што можевме да го видиме, малку агресивни беа при приведувањето“.
„Дали пред вашето учество во Шарената револуција некогаш сте биле гонет од државниот апарат?“
– Не, не. Немам забелешка на приведувањето, на интензитетот на приведувањето. Имам забелешка на основите на приведувањето. Полицајците во моментот процениле дека најдобриот метод на приведување е да ме легнат на земја и да го направат тоа што го направија. Во ред, тоа се тактички околности во коишто не можам да навлезам.
И што правиме сега, шарени? Бил тепан или не бил тепан? Фолклор. Сите виделе, тој не осетил – така се раѓаат платеничките херои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Ку*ви“ и „оставка“ на Собранието: Герила акција на граѓаните – порака до пратениците (видео)
-
Дали СДСМ го ресоцијализира и Горан Стаменковски?!
-
Јоци до Павле Богоевски: Да знаевме дека ќе излезевте вакви ќе ве изд**aме во чаша
-
Ванковска: Шарените револуционери се виновни за лошите закони кои се наметнуваат во Македонија


