| четврток, 6 декември 2018 |

Пишев: Уште две фирми на Лефтер Андонов добиле тендери од Општина Струмица

pisev pak
Тендери од Општина Струмица добиле уште две фирми на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов со име „Тритерол бенз“ и „Тритерол Турс“ дооел, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев.

Тој посочи дека станува збор за милиони, а според Пишев, фирмите на Лефтер биле апсолутни фаворити за добивање на сите тендери на Општина Струмица.

– Преку фирмата „Тритерол бенз“, функционерот на СДСМ Лефтер Андонов ја снабдувал Општина Струмица со нафта. Па така, во ист ден, во декември 2012 „Тритерол бенз“ добива три тендери во висина од 1.500.000 денари, истата фирма добила уште еден тендер претходно во висина од 389.400 денари, рече Пишев.

triterol-740
Истата фирма, како што кажа Пишев, во ист ден добила тендер и во комуналното претпријатие „Комуналец“, во висина од 12.120.000 денари. Третата фирма, која ја посочи Пишев, „Тритерол турс“ добила тендер од Општина Струмица во висина од 115.640 денари.

– Со други зборови фирмите на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов се апсолутни фаворити на сите тендери на Општина Струмица. Кланот Заеви се зголемува и збогатува преку уште една фирма. Затоа ваквите сериозни сомневања за криминал мора да бидат расветлени. Сега е јасно зошто Струмица плаќа зголемена цена на превозот и скоро двојно повеќе од една Битола, рече Пишев.

Додаде дека е време СЈО, да се откаже од, според него, политичките хајки, и да почне да се занимава со, како што рече, вистинските сомневања за криминал кој постои во Општина Струмица. Пишев побара и оставка од градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top