| четврток, 6 декември 2018 |

Формиран деловен клуб во општина Илинден

ilinden

Над 180 компании во деветте локални економски зони ќе можат да ги следат и да учествуваат во активностите во општина Илинден со цел подобрување на деловното опкружување.

Соработката ќе се одвива преку деловен клуб на Општина Илинден и Сојузот на стопански комори, за чие формирање денеска е потпишан меморандум.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Илинден Жика Стојановски и претседателот на ССК Данела Арсовска.

Целта е воспоставување партнерство, кое ќе овозможи ефективна соработка помеѓу општина Илинден и локалната бизнис заедницата, со цел забрзување на локалниот економски развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање, соопшти општина Илинден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top