Ова е еден од најздравите и највкусни појадоци, бидејќи содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, косата и го нормализираат метаболизмот.
Помага во елиминација на нечистотиите од организамот и чистење на цревата. Го решава проблемот со мрзливи црева и запек, согорување на масните наслаги и ја нормализира тежината. По еден месец конзумирање на овој појадок, лесно ќе изгубите 3-5 килограми.
Тенот на кожата, косите и ноктите стануваат здрави и убави, а стомакот едноставно се „топи“.
Состојки:
300 милилитри кефир (или немасен јогурт)
2 супани лажици овесни снегулки
1 кафена лажица мелено ленено семе
1 кафена лажица какао во прав
5-7 суви меснати сливи
Подготовка:
Појадокот се подготовува навечер за следното утро. Прелијте ги сувите сливи со 100 милилитри жешка вода и оставете ги да отстојат 5 до 10 минути.
За тоа време во чинија ставете овесни снегулки, меленото ленено семе и какаото. Прелијте со кефир и сето тоа убаво промешајте го. Сувите сливи ситно исечкајте ги и додајте ги претходната смеса. Промешајте и ставете во фрижидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.