Министерот за одбрана Талат Џафери на денешната прес-конференција зборуваше на албански јазик, а овластен преведувач го преведуваше неговиот говор на македонски, јави Телма.
Џафери, на прес конференцијата заедно со директорот на Центарот за обука на пилоти го најави третиот конкурс за кадети за пилоти за потребите на Министерството за одбрана и за полицијата.
На прашањата на новинарите министерот одговараше на македонски и кажа дека кандидатите што ќе ја поминат обуката ќе стекнат офицерски чин поручник, ќе имаат загарантирано работно место.
На конкурсот за пилоти може да аплицираат сите граѓани на Македонија кои имаат универзитетска диплома, да не се постари од 28 години и да се психофизички здрави. Конкурсот трае 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


