Шпанија ќе мора да помине низ пекол ако сака да ја одбрани титулата на Европското првенство. Неочекуваниот пораз против Хрватска вечерва ја доведе Фуријата во незавидна позиција – во осминафиналето да се соочи со лутиот противник Италија.
Место да ги чека аутсајдерите во осминафиналето и да има отворен пат до полуфинале, веќе в недела ќе се сретне со Италија во реприза на финалето од Европското првенство пред четири години. Тогаш фудбалерите на Висенте дел Боске победија со 4-0, но „аѕурите” на овој шампионат играат одлично, без проблеми ги совладаа Белгија и Шведска и сигурно ќе бидат потежок ривал за актуелниот континентален првак.
Ако ги победи Италијаните, пак, Шпанија во четвртфиналето најверојатно ќе се сретне со актуелниот светски првак Германија, а потоа во полуфиналето на домаќинот Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.