Португалската репрезентација ќе заработи соодветна казна од УЕФА поради навивачот кој истрча на теренот за да се слика со Кристијано Роналдо. Според Европската фудбалска Португалија е виновна за однесувањето на навивачите на натпреварот против Австрија на ЕП во Франција.
Покрај тоа, наведено е дека Роналдо истиот тој симпатизер постојано го бранел од редарите и полицијата.
Најдобриот португалски фудбалер, иако беше разочаран по завршувањето на дуелот во кој промаши пенал, одлучи да го заштити навивачот што предизвика одобрување од спортската јавност, но не и од асоцијацијата УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.