| четврток, 6 декември 2018 |

Паметна маса која ја готви храната и го лади пајалакот додека јадете (видео)

Дизајнерите од студиото „Крам Вишхар“ креираа единствена, исклучително тенка маса „Смарт Слаб“, опремена со скриена технологија која го одржува јадењето топло, додека го лади пијалакот, а исто така на него можете и да готвите.

Кружните елементи за греење со поставени директно под местата за чинии, одржувајќи ги на температура од 42,5 степени.

Долж масата стратешки се распоредени и елементи за ладење, со цел часите со пијалак да бидат на перфектна температура.

Покрај системот за греење и ладење и индукционите плочи, „Смарт Слаб“ поседува и мудули за безжично полнење, Ви-Фи базна станиц, како и контролен систем кој се управува со допир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top