Репрезентациите на Полска и Германија патуваат во осминафиналето, тоа е дефинитивно, а Северна Ирска ќе чека барем уште една третопласирана репрезентација која ќе има послаб учинок од нив, бидејќи веќе Албанија како третопласирана има исто така три бода, но послаба гол разлика.
Тоа е билансот од денешните натпревари од групата Ц на ЕП во Франција, кои се одиграа од 18:00 часот. Полска и Германија со по 1-0 ги совладаа Украина, односно Северна Ирска.
Германија заврши на првото место, Полска е втора, имаат ист број на бодови, па на крај одлучи гол разликата.
Избраниците на Јоаким Лев вечерва го одиграа можеби најдобриот натпревар на ова првенство, со тоа што реализацијата им беше најголем проблем. Германците имаа многу шанси да ги „изрешетаат“ Северна Ирска, но единствениот гол на мечот го постигна Марио Гомез во првото полувреме, по асистенцијата од Томас Милер.
Голманот на Северна Ирска, Мекговерн едноставно доминираше во првиот дел, одбрани се што можеше да се одбрани, но во 30. минута немаше никакви шанси по слаломот на Милер, по што Гомес ја смести топката во мрежата.
Кедира, Гомез, Милер, Геце, шанси за гол се редеа како на трака, вистинско чудо е како резултатот не е убедлив во овој меч.
Северна Ирска – Германија 0-1
Во другиот меч од групата Ц, нешто поинаква слика. Полска не покажа некоја посебно квалитетна игра, а на крајот сепак славеше со извонредниот гол на Блашчиковски по асистенцијата на Милик.
Левандовски ја пропушти најсериозната шанса во првото полувреме, уште во првите минути од мечот.
Украинците беа подобар противник во првиот дел, пропуштија неколку шанси преку Зозулја и Јармоленко, а Зинченко од непосредна близина на полскиот гол ја имаше најдобрата шанса за погодок.
Сепак, во 54. минута го видовме најубавиот момент на овој меч, Блашчиковски направи сјаен продор и шутираше во небранетиот дел на мрежата за 1-0, со што го постави конечниот резултат.
Украина – Полска 0-1
Конечна табела во Група Ц:
1. Германија 7 бода
2. Полска 7
3. Северна Ирска 3
4. Украина 0
Значи, Германија и Полска се пласираа во осминафиналето, а Северна Ирска го чека исходот од третопласираните во последните три групи.
Од 21:00 часот се дуелите од 3. коло во групата Д:
Чешка – Турција
Хрватска – Шпанија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)