Албанија ќе продолжи да го употребува уставното име Република Македонија само во билатералната комуникација, рече денеска во Скопје министерот за надворешни работи на Албанија Алдо Бумчи.
– Билатералните односи се пример за добрососедство. Во нашите билатерални односи ја имаме признато Република Македонија под уставното име и јас тука го користев името Република Македонија. Што се однесува до прашањето на името, тоа е билатерално прашање. Ние ќе ја почитуваме волјата на Македонија како и на Грција и ќе го почитуваме договорот којшто тие ќе го постигнат,, – одговори Бумчи на прашањето зошто 20 години по воспоставувањето дипломатски односи, Тирана се уште ја нема признаено Македонија под уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.