Фудбалерот на Вардар, Влатко Гроздановски е убеден дека неговата екипа има квалитет да го помине Динамо Загреб во 2.коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
– Тоа е познат противник и доста тежок. Ние сме од Балканот и ги следиме сите лиги кои се околу нас, дури изминатата година имавме шанси и да играме против Динамо. Не смееме да размислуваме дека сме без шанси и секогаш треба да бидеме оптимисти. Сметам дека можеме да се носиме со Динамо, иако тие се фаворите на хартија. Ние сме искусна и добра екипа и се надевам на добар резултат, истакна Грозданоски.
„Црвено-црните“ се наоѓаат на подготовки во Австрија каде утре ќе го одиграат вториот контролен натпревар, противник ќе им биде Спартак Трнава од Словачка. Од четврток, вардарци одат во Мура, Хрватска, каде ги очекува уште три натпревари.
Грозданоски, вели дека и покрај тоа што се подготовки, тој и соиграчите сакаат позитивен резултат и добар натпревар.
– Поентата на пријателските натпревари е секогаш иста. Тие ги играме со цел, стручниот штаб да може да проба повеќе тактики, а воедно и да ја провери формата на сите играчи. Некој смета дека резултатот и не е толку битен, но зашто и да не се дојде до позитивен резултат. Најважно е ние како екипа да истрчаме максимално и да одиграме квалитетно, да дадеме се од себе, за стручниот штаб да ја осети вредноста на екипата. Сето ова го кажувам затоа што знаеме што не очекува во Европа, потенцираше Грозданоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“