| четврток, 6 декември 2018 |

Не му се допаѓал, па го избол со нож момчето на сестра си

Вистинска крвава драма се одвивала синоќа околу  22 часот и 50 минути во селото Рашче во Скопје. Според податоците од полицијата, пред дворот од куќата на 37-годишниот М.М. дошол 30-годишниот Ш.И. и со нож му нанел неколку убодни рани во пределот на грбот и вратот. Повредениот наводно бил во љубовна врска со неговата сестра.

Со возило на Итната помош е пренесен во Клиничкиот Центар ви Скопје и е во животна опасност.

Насилникот ќе одговара за делото.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top