| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Нема најави за лидерска средба

todorov2Министерот за здравство и шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров очекува набрзо да има напредок во преговорите меѓу четирите партии за целосно спроведување на Пржинскиот договор иако нема најави за нова лидерска средба.

– Засега нема најава за нова лидерска и не би требало да има се додека нема нешто опипливо. Јас и пред некој  ден кажав каде стои ВМРО-ДПМНЕ и каков е ставот на партијата во делот на избирачкиот список, така што очекувам дека многу брзо ќе има некаков напредок- изјави Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот на Итната медицинска помош во скопско Глумово.

Карактеристика за СДСМ станаа деструкцијата, вандализамот, уништувањето и теророт и казнувањето на сопствениот народ само затоа што не ги поддржува, оцени Тодоров по вчерашниот протест во Скопје.

– Но многу брзо народот ќе дојде по своето. СДСМ треба да знае дека како се доближува  денот кога народот ќе си дојде по своето така ќе се зголемува лудилото и вандализмот во СДСМ. Но, како се зголемува тоа лудило и вандализам така ќе се зголемува и казната што народот ќе ја испорача кон нив- потенцира Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top