Огњен Амиџиќ во Грција ги снима спотовите за песните „За сѐ сум виновен“ и „Боже“, во кои мноумина го препознаваат претчувството на Маринко дека крајот е тука.
Три месеци по смртта на Маринко, неговиот пријател и колега од групата Фламингоси, Огњен Амиџиќ, ги екранизира двете псоледни песни што ги знимија заедно, а кои досега не беа објавени.
Во соледниот кадар познатиот водител симболично ја фрла во морето гитарата на Маџгаљ, единствениот инструмент кој остана од актерот и на тој начин го обележа крајот на постоењето на групата.
Извор близок на Амиџиќ открива за Ало дека на соработниците им требало многу за да го наговорат за овој чекор, бидејќи се уште не се помирил со заминувањето на вернот пријател. Се согласил за да му се оддолжи, па самиот го напишал сценариото и направил онака како што верувал дека би направил и Маринко. Кога ја фрлил гитартата во вода, долго седел сам на плажата и молчел.
Спотовите, освен кадри од најубавите моемнти на Фламингоси, ќе имаат љубовна тема, а сите пари заработени од овој проект Амиџиќ ќе ѝ ги донира на ќерката на Маринко, Сара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)