| четврток, 6 декември 2018 |

Сашо Лазаревски од ВМРО ДПМНЕ избран за претседател на Советот на општина Карпош

Сашо Лазаревски, носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на втората седница на Советот од новиот четиригодишен мандат, со 14 гласа „за“ беше избран за претседател на Советот на Општина Карпош.

saso lazarovski

Во гласањето не учествуваа советниците од СДСМ, кои декларативно ја напуштија седницата зошто, според нивното убедување, не биле адекватно известени за одржувањето на седницата.
Новоизбраниот претседател Лазаревски се заблагодари  за довербата, и на тие што гласаа за него и на останатите, со надеж дека со сите ќе има конструктивна соработка. Тој истакна дека во следните четири години ќе биде секогаш отворен за соработка со сите советници, без оглед на тоа на која политичка партија и припаѓаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top