| четврток, 6 декември 2018 |

Мирослав Илиќ ќе биде уапсен?

miro

Мирјана Антоновиќ и нејзиниот син Ддевин нема да се откажат од тоа да докажат дека фолк ѕвездата Мирослав Илиќ е биолошки татко на Девин. Затоа ја продолжуваат битката, а на 5 септември ќе се соочат и на суд.

Судот во Србија не го признава доказот кој Мирјана го поднела бидејќи станува збор за крадешкум направена ДНК анализа во Америка. Затоа Мирјна и Девин покренаа постапка во Србија и се надеваат дека на 5 септември во суд ќе се појави и Мирослав.

-Тој може да го одолговлекува судењето, што претпоставувам ќе се обиде, но на крај сепак ќе мора да се појави. Само доброволна ДНК анализа може да одбие, што и направи, но повикот за судење не може. Ако не се појави кога судот ќе го повика, ќе биде приведен – вели Мирјана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top