Со двата вечершани натпревари од 3. коло од групата Б на Европското првенство во фудбал ќе биде познато кои две репрезентации ќе се пласираат во следната фаза, а третопласираниот тим ќе ја очекува разврската од другите групи. Во Тулуз ќе играат Русија и Велс, а во Сент Етјен е дуелот меѓу Англија и Словачка. Почетокот на натпреварите е во 21 часот.
Англија е прва во групата со 4 бодови, Велс и Словачка имаат по 3 бодови, а Русија има само 1. Сите репрезентации имаат шанси за пласман во следната рунда, со тоа што само Англија го има обезбедено најмалку третото место. Англија со нерешен резултат е сигурно во осминафиналето, додека на Словачка и е потребна победа. Русија со победа може да биде само второпласирана, додека Велс ако не загуби ќе ги задржи шансите за нок аут фазата.
Досега пласман во осминафиналето имаат обезбедено: Франција, Швајцарија, Италија и Шпанија, а Албанија го очекува расплетот и пласманот на третопласираните репрезентациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рибера, селекторот на Шпанија: Македонија е голема репрезентација, победивме само на искуство
-
Одличен натпревар во Мец, Македонија поразена, но покажа дека знае да игра ракомет!
-
Ова е некоја нова Македонија, егал со ракометниот гигант Шпанија
-
Георгиевски: Максимално со Шпанија, но во мислите ни е Исланд