20-тина автобуси со струмички, кумановски и скопски регистарски таблички го блокираат сообраќајот на скопскиот булевар Партизански одреди. Ова е доказ дека СДСМ организирано го носи членството и вработените во локалните администрации од општините под нивна капа за најавените насилни протести вечерва, и покрај тоа што Зоран Заев јавно изјави дека СДСМ немале ништо со протестот.
Но, денеска беше објавено дека само од Куманово било предвидено да тргнат 25 автобуси, од Велес 18, од Крива Паланка 12, од Тетово и Гостивар по 5, од Штип уште 9. Целата администрација што е под контрола на СДСМ, но и вработените во нивните фирми биле предмет на уцена за да се појават на протестот. Под закана биле дури и вработените во Скопје, односно општина Центар кои во работно време биле ангажирани да делат пропагандни материјали за протестите и да повикуваат на поголема излезност.
Во пропагандниот материјал кој им се дели, членовите и активистите на СДСМ добиваат насоки како да пробијат полициски кордон и како и каде да се сокријат од полицијата. Основната порака на протестите кои ќе се одржат вечерва е дека не постои друг орган на прогонот освен Специјалното јавно обвинителство, односно дека никој не смее да помисли да бара кривична одговорност од аболицираниот Зоран Заев.
Сепак, според информациите бројот на поддржувачи на СДСМ и СОРОС се движи околу 5.000, далеку помалку од очекувањата на партијата и долготрајната организација. Иако СДСМ имале резервирано автобуси, дури и членството одлучило да не даде поддршка на насилствата, така што од партијата успеале делумно да исполнат само 90 автобуси. Дури и самите активисти признаваат дека со организација на општинските комитети допатувале во Скопје.
-Ние сме од Куманово, група со некаде од над 50 автобуси, вели кумановецот кој со организирани автобуси на СДСМ, пристигна во Скопје.
На прашањето како разбрале за протестот тој одговори:
-Преку Фесјбук, но имаме и контакт преку општински организации, си има контакти и многу порано се знаеше. Чекавме 18-ти да помине ултиматумот, затоа сега сме собрани како што знаете и сами во голем број, рече кумановецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.