| четврток, 6 декември 2018 |

За Саемот на мебел пуштени две нови автобуски линии

Oд утре до недела (14.10.2018 година), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.

И двете линии се воведуваат по барање на Скопски саем, за полесен пристап на посетителите на „Саем на мебел 2018 “.

Возен ред 100 (Ново Лисиче-СЦ „Борис Трајковски“)
Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 16.00 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.

Траса на движење: ул. „Февруарски поход“, бул. „В.С.Бато“, бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Кочо Рацин“, ул. „11-ти Октомври“, ул. „Димитрие Чуповски“, бул. „Св. Климент Охридски“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Возен ред 200 (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)
Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.

Траса на движење: ул. „Црногорска“, ул. „Кузман Шапкарев“, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top