„Кралот“ Леброн Џејмс успеа да го исполни ветувањето кое го даде пред две години кога се врати во Кливленд и на овој тим да му ја донесе првата титула од неговото постоење во НБА-лигата.
Џејмс беше предвоник на Кавалирс во неројатниот камбек во финалето против Голден Стејт, во кое Кливленд до титулата стигна со 4-3 во победи, иако сега веќе ланскиот шампион имаше водство од 3-1 и три „меч топки“ за одбрана на титулата.
Кавс вo седмиот решавачки меч на гостински терен ги совладаа Вориорс со 89-93.
– Се вратив со причина, се вратив да му ја донесам титулата на нашиот град. Ќе се случи најголемата забава која Кливленд некогаш ја видел. Дадов многу крв, пот и солзи во натпреварот. И луѓето сѐ уште се сомневаат што можам да направам – изјави Џејмс.
„Кралот“ одигра блескава партија, завршувајќи со 27 поени, 11 скока и 11 асистенции, со што оствари неверојатен подвиг – првпат по 1978 година, решавачкиот седми натпревар еден играч го завршил со „трипл-дабл’’. Имаше и три блокади, од кои една клучна над Игудала во финишот од мечот кога резултатот „се кршеше“. Сето ова беше повеќе од доволно на крајот Џејмс да го добие признанието за најкорисен играч во финалето (МВП).
Кај Голден Стејт разочараа Кари и Томпсон кои постигнаа 17, односно 14 поени.
Кливленд стана само четвртиот тим во историјата на НБА лигата, кој победил во седмиот натпревар на гостински терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)