Познатиот монголски културен деец Литов Намдагжанчивин ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа одлука ДПМ ја донесе како израз на почит кон особениот придонес на Литов Намдагжанчивин во афирмацијата на македонската литература во Монголија и за поттикнувањето и интензивирањето на соработката меѓу македонската и монголската култура. Чинот на свеченото прогласување за почесен член на македонската писателска асоцијација ќе се одржи на 21 јуни (вторник) во 12 часот во ДПМ. За делото на Намдагжанчивин ќе зборува Драган Јањатов, дипломат и публицист, а модератор на средбата ќе биде Александра Велинова.
Литов Намдагжанчивин е преведувач, архитект и сликар. Долги години е соработник со Струшките вечери на поезијата за кои ја подготви Антологијата на современата монголска поезија. Негови преводи се застапени во познатата едиција на СВП „Плејади“. Резултат на неговата активност е подготвувањето на Антологија на македонската поезија во издание на Монголската академија за култура и поезија. Литов Намдагжанчивин подолго време непосредно соработува со Друштвотро на писателитена Македонија и настапува со преводи и со свои песни на монголски и на македонски јазик. Тој е автор на преводите на стихови од низа македонски поети меѓу кои се Константин Миладинов, Кочо Рацин и Блаже Конески. Литов Намдагжанчивин е почесен конзул на Монголија во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија