| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците пред историско осминафинале, Романците се збогуваа од ЕП (видео)

romania-albania-euro2016

Во вториот натпревар од групата А на ЕП во Франција, изненадувачки Албанија ја совлада Романија, со што репрезентативците на нашиот западен сосед сега имаат сериозни шанси за пласман во осминафиналето. Во другиот натпревар од оваа група, Франција и Швајцарија одиграа без голови и со по еден освоен бод ги потврдија првите две места во групата.

Романците одлично го започнаа натпреварот. Ја контролираа играта, имаа неколку добри шанси за гол, но голманот Бериша беше на висина на задачата и неговата мрежа остана мирна.

Во 23. минута Албанците се заканија, Лила го проигра Лењани, кој од непосредна близина биеше над голот на Татарушану.

romania-albania-5-euro2016

Од тој момент Албанците ја превземаа иницијативата на теренот, поседот на топка беше на страната на Романците, но нивниот противник беше поконкретен во нападите.

Најпрво Мемушај се обиде во 35. минута. Неговиот удар од десната страна го одбрани голманот на Романија, а потоа осум минути подоцна следуваше шок на стадионот.

Албанија стигна до водство, а првиот гол воопшто на оваа земја на големите натпреварувања го постигна Арманд Садику.

Асистираше Мемушај, но мора да се признае и дека одбраната на Романија заедно со голманот Татарушану очајно реагираа.

Садику се најде сам на шест метри од голот на Романците и со глава без проблем ја упати топката во мрежата.

romania-albania-2-euro2016

 

Во вторите 45 минути Романците на секој начин се обидуваа да го израмнат резултатот. Топката ја задржуваа во нивните нозе, но не успеваа да креираат посериозна шанса, се до 77. минута, кога Флорин Андоне ја погоди пречката. Одлично ја прифати топката во казнениот простор, упати удар но немаше среќа. Ја погоди пречката и резултатот остана непроменет.

romania-albania-1-euro2016

 

Романија – Албанија 0-1

 

Репрезентацијата на Романија со овој пораз го заврши настапот на ЕП, освои само еден бод од три натпревари, додека Албанија со овој триумф и трите освоени бодови може да се пласира во осминафиналето, а тоа ќе зависи од исходот и на другите натревари и третопласираните репрезентации од другите групи. Албанија имаат три бода, исто колку и Словачка и Северна Ирска, но тие и останатите имаат и меч помалку.

 

Конечна табела во група А:
1. Франција 7 бода
2. Швајцарија 5
3. Албанија 3
4. Романија 1

Франција во осминафиналето ќе игра против третопласираната репрезентација од група Ц, Д или Е (тоа може да биде: Полска, Северна Ирска, Хрватска, Чешка, Турција, Белгија, Шведска или Ирска).

Швајцарија во осминафиналето ќе игра против второпласираната репрезентација од група Ц (Полска или Северна Ирска).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top