Музејот на македонската борба од Скопје доби посебно признание за ентузијазмот и за големите достигнувања во зачувувањето на националното богатство од Европската музејска академија (ЕМА). Тој беше номиниран за најдобар музеј во Европа за наградата Мичелети (Micheletti) за 2013 г. во категорија на историски и военоисториски музеи во организација на ЕМА.

На овој конкурс учестуваа 21 врвна институција од Европа. Од страна на директорот и претседателот на ЕМА беше истакната презентацијата на музејот како особено инвентивен начин на претставување и пример за идните кандидати.
Годинашното доделување на наградата се одржа на дводневната конференција на 26 и 27 април во Бурса, Република Турција, на која беа презентирани најновите трендови во европската музеологија.
Добитник на наградата Мичелети за 2013 г. е Армискиот военоисториски музеј од Дрезден, Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


