Српската водителка која ја запознавме преку шоуто „Твоето лице звучи познато“ денеска го кажа судбоносното „да“. Марија Килибарда се заколна на вечна љубов со нејзиното долгогодишно момче, поранешниот кошаркар Владимир Радмановиќ.
Венчавката се одржа во Соборната црква во Белград, а вечерва ќе се одржи и свадбената веселба.
Иако на почетокот на планираше голема свадба, српските медиуми пренесуваат дека во последен момент го променила планот. Причината за тоа е нејзиното момче, сега сопруг, кој во никој случај не сакал медиумите да ги следат на нивниот посебен ден.
Затоа, Килибарда и Радмановиќ до последен момент од пријателите криеле каде и кога ќе се одржи венчавката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.