Во германска борба во финалето на Гери Вебер опен во Хале, ветеранот Флоријан Маер беше подобар од новата тениска надеж Александер Зверев, победувајќи го со 6:2/5:7/6:3 за одлична титула.
19-годишниот Зверев, од кој Германците очекуваат да биде следниот германски гренд слем шампион во блиска иднина, во полуфиналето го „шокираше“ осумкратниот шампион од турнирот, Роџер Федерер, меѓутоа не можеше да го повтори истото со 32-годишниот Маер.
За Маер пак, ова е само втора АТП титула во кариерата, и прва на трева, откако претходно победи на Букурешт опен во 2011 година. По фантастичниот турнир во Хале, Маер ќе скокне од 192. место на АТП листата над 125 места и ќе биде меѓу најдобрите 60.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.