ВМРО ДПМНЕ ја повикува Државната изборна комисија да изврши дополнителни активности за прочистување на избирачкиот список, само за да го увери СДСМ дека истиот е веќе прочистен, велат од партијата.
Ова е интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ прифаќа секаков предлог и методологија која што ќе ја побараат членовите на СДСМ во ДИК.
Ние знаеме дека Избирачкиот список е чист. Тоа го знае и СДСМ, но не сака јавно да го признае. Затоа измислуваат разни бројки на спорни гласачи со кои се обидоа да манипулираат, но всушност потврдија дека сите изборни порази на СДСМ во изминативе 10 години се само заради тоа што народот не ја прифаќа нивната деструктивна, антидржавна политика.
Во однос на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за воведување на цензура и санкции врз новинарите за искажан сопствен став или мислење. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да предложи решение од која било земја членка на ЕУ во однос на регулација на медиумите.
Најголемиот дел од пакетот за медиумите е веќе договорен и ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да го поддржи.
Секое неприфаќање на предлозите од страна на СДСМ е уште еден доказ дека аболицираниот криминалец Заев се плаши од соочување со граѓаните на избори и дека единствена намера на СДСМ е да се влезе во Влада без никаков легитимитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)