Пакистанската полиција соопшти дека уапсила мајка обвинета дека ја убила својата бремена ќерка затоа што се омажила спротивно на желбите на своето семејство.
Жртвата веќе имала 10-месечно девојче.
Мајката и нејзиниот син и го пресекле вратот на 22-годишната Мукадас Тофик, во селото Бутравал, во провинцијата Панџаб, изјави локалната полиција.
Од таму наведуваат дека Мукадас била намамена да дојде во куќата на своите родители, каде во петокот е убиена, а убиството го пријавил нејзиниот сопруг Мохамед Тофик.
Во Пакистан речиси 1.000 жени годишно се убиени од страна на членови на семејството затоа што ги прекршиле семејните правила или се омажиле против желбите на своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.