Репрезентацијата на Португалија која пред почетокот на Европското првенство во Франција важеше за една од фаворитите за освојување на пехарот, и по два одиграни натпревари во групата Ф останува без победа и со само две нерешени средби.
По изненадувачкото реми во првото коло против аутсајдерот Исланд, Кристијано Роналдо и другарите и денеска по комплетирањето на второто коло во сите групи не дојде до целиот плен бидејќи селекцијата на Австрија оддолеа на нападите и не прими гол.
Португалија ја имаше контролата на играта во текот на целиот меч, создаде неколку стопроцентни шанси, а успеа да промаши и пенал во 79.минута преку најдобриот свој фудбалер.
Роналдо беше трагичар на натпреварот, бидејќи не погоди од белата точка во 79-тата минута. Тој самиот го изнуди прекршокот во противничкиот шеснаесетник кога беше соборен од Хинтерегер. Ја превзема одговорноста да шутира, но го погоди само дирекот.
Претходно во 29-тата минута Нани ја погоди стативата, а австрискиот голман Алмер во неколку наврати со прекрасни интервенции ги фрустрираше Португалците, особено Кристијано Роналдо, кој никако не можеше да ја смести топката во мрежата. Кога тоа му успеа во 85-тата минута тој беше во офсајд.
Португалија во последното коло мора да брка победа против Унгарија за да се пласира во осминафиналето. Австрија има еден бод по два натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)