| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарците се намачија, но сепак стигнаа до бод против сензацијата Исланд (видео)

island

Дебитантот на европските првенства репрезентацијата на Исланд по големиот бод во првото коло на Европското првенство во Франција против селекцијата на Португалија во вториот меч беа пред уште една голема сензација и победа над Унгарија, но сепак го испуштија целиот плен во самиот финиш од мечот (1-1).

Исланѓаните немаа среќа на „Велодром“ и со автогол во 88.минута и подарија бод на репрезентацијата на Унгарија.

Саеварсон беше трагичар на својата репрезентација, бидејќи си постигна автогол во 88-та минута по центаршутот на Николиќ од десната страна. Унгарија се спасуваше од пораз, имаше негатива од 1-0 уште од 40-тата минута. Гилфи Сигурдсон погоди од пенал, кој реално и беше престрого досуден во корист на „рибарите“.

Унгарија е многу блиску до пласман во втората фаза, бидејќи сега имаат четири бодови на табелата, а Исланд има два по двата натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top