Репрезентацијата на Белгија која важи за еден од главните фаворити за освојување на Европското првенство во Франција, по изнандувачкиот пораз од Италија во првото коло, брзо се рехабилитираше и рутински славеше победа на Република Ирска со 3-0 во рамките од второто коло од групата E.
Првото полувреме заврши без голови иако избраниците на селекторот Марк Вилмотс ја имаа иницијативата и созададоа неколку шанси.
Сепак „црвените ѓаволи“ додадоа гас во второто полувреме и за само 20 минути постигнаа три гола и го решија победникот.
Белгија поведе со голот на Лукаку во 48.минута по по асистенција на Кевин Де Брајн и го скрши отпорот на Ирците кои на овој меч одеа на бод. Вториот гол беше дело на Витсел во 61 минута, а печат на триумфот стави Лукаку со својот втор гол во 70 минута.
Со триумфот над Ирска селекцијата на Белгија си ги отвори вратите кон втората фаза. Во последниот дуел против Шведска ќе се решава која селекција ќе биде во наредната рунда. Засега, сигурна од „групата на смртта“ е само Италија која има две победи по две кола. Белгија има три бода, а Ирска и Шведска само еден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)