| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачко видео: Родителите се согласија да се објават фотографиите од обдукцијата

Судот во Преторија дозволи да се објават фотографиите на убиената Рива Стинкамп, која во својот дом ја усмрти параолимпиецот Оскар Писториус.

Родителите на Рива се согласија да се пуштат фотографиите во јавност за да се види како заврши нивната ќерка.

Повеќекратниот параолимписки шампион во атлетика ја уби својата девојка на Денот на вљубените, 14. февруари 2013 година во својата куќа.

Тој се бранеше со тврдењето дека пукал низ вратата од бањата верувајќи дека внатре има крадец.

Обвинителството побара казна од 15 години затвор, додека адвокатот на одбраната побара условна казна.

Адвокатот во текот на судењето побара од Оскар да ги извади протезите и да прошета без нив, што тој тоа го направи плачејќи.

Оскар првобитно е осуден за убиство од небрежност, но таа пресуда е соборена и обвинението е приначено во убиство при што тој имал злосторнички намери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top