Во второто од групата Д актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Шпанија ја покажа сета своја сила декласирајќи ја репрезентацијата на Турција со 3-0. Со втората победа и максимални шест бода, „црвената фурија“ веќе е осминафиналист и им се приклучи на домаќинот Франција и Италија во следната рунда.
Можеби најголемото разочарување на ова Европско првенство селекцијата на Турција во првите две кола не покажа ништо од арсеналот кој несомнено го поседува.
Победата Шпанија ја обезбеди уште во првото полувреме со головите на Мората и Нолито во 34 и 37 минута од првото полувреме.
Веднаш на стартот од вториот дел Мората по една одлична акција на играчите на Барселона, Андрес Иниеста и Жорди Алба лесно реализираше пред голот на Турција.
До крајот на мечот избраниците на Висенте дел Боске креираа уште неколку шанси за гол со што најавија дека се во добра форма пред продолжението од шампионатот.
По првите две кола Шпанија има максимален број на бодови (6), додека за Турција останува теоретска шанса за пласна во следната рунда со евентуална победа над Чешка и како третопласирана репрезентација со три бода да се надева на пласман во осминафиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)