| четврток, 6 декември 2018 |

Лина Ѓорческа продолжува да реди успеси, нова дубл-титула

lina gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, продолжува со одличните настапи, па денеска се закити со нов трофеј, триумфирајќи во дубл на турнирот во Сегед, Унгарија, што се играше за награден фонд од 50.000 долари.

Ѓорческа во двојка со Романката Кристина Дину славеше во финалната пресметка против Јегјолка/Рохас со 2-1 во сетови. Македонката со својата дубл-партнерка прикажа цврст карактер, па откако го загубија првиот сет со 4-6 Ѓорческа и Дину доминираа во остатокот од мечот, добивајќи го вториот со 6-1, за во решавачкиот сет убедливо да слават со 10-4.

За Ѓорческа ова е втора дубл-титула годинава, по онаа освоена во јануари во Анталија, што сигурно ќе придонесе да дојде до нов скок на Македонката на ВТА-листата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top