| четврток, 6 декември 2018 |

Бертан Аслани, момчето на Тамара, ја направи дамла!

Познатиот турски музичар и продуцент, Бертан Аслани, кај нас многу попознат како љубовта на Тамара Тодевска, го промовираше новото видео „Капка капка“ („Damla damla“). Музиката за новата песна ја напиша во соработка со нашиот продуцент Роберт Билбилов, со кого заедно работеа и на аранжманот. Роберт на својот профил на Фејсбук напиша дека на ова работеле скоро цела година и дека едвај чека да ги слушнеме и другите песни од новиот албум. Црно-белиот видео спот е сниман во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top